Неверојатно разноврсен 2GB WALKMAN® компатибилен со Windows Media. Едноставно префрлување со повлекување на најпопуларните музички формати, видео содржини и фотографии
Слушајте музика без користење на рацете:
Со Bluetooth® вие ќе можете безжично да ја репродуцирате музиката на кој било компатибилен уред - почнувајќи од Bluetooth® звучниците и слушалките па сè до стерео уредите за автомобил, hi-fi системите и друго. Исто така ќе можете да ги слушате омилените песни без користење на рацете со извонреден Sony квалитет на звукот, избегнувајќи го притоа нередот од жици....
Без ограничувања со отворениот формат:
Отворениот формат значи дека веќе не е важно каде е складирана вашата музика, или каков е нејзиниот формат (WMA, mp3 и AAC (само не-DRM)). Вие ќе можете да ја преснимите целата ваша збирка на вашиот WALKMAN® со обично повлекување од Windows Media® Player 11®, iTunes® или Windows Explorer. Навистина е лесно!.
Преснимување содржини со повлекување:
Преснимувањето видео и музика со обично повлекување кон вашиот WALKMAN® е навистина лесно и вие ќе ја префрлите вашата збирка за неколку секунди. Со користење на Windows Media® Player 11®, iTunes® или Windows Explorer лесно ќе можете да ги организирате вашите листи за репродукција и да ги префрлувате фајловите. Едноставно преснимете ги фајловите со повлекување и уживајте..
Трансфер на видео и музика од вашата збирка преку Windows Media Player или со едноставно повлекување.
Висококвалитетна видео репродукција од 30 рамки/сек. за исклучителна јасност дури и кај динамичните содржини.
2.0" QVGA (320x240) екран со висока осветленост за врвна репродукција на боите. Хоризонтална и вертикална видео репродукција.
Извонреден квалитет на звукот благодарение на 4 вградени аудио технологии: Clear Stereo, Clear Bass, DSEE дигитално подобрување на звукот и EX професионални слушалки.
Капацитет од 2GB за складирање на 500 песни или 7 часа видео фајлови*.
Репродукција на најпопуларните музички формати: mp3, AAC (не DRM), WMP (DRM10) и WMA (не DRM).
Компатибилност со популарните видео формати MPEG4 и AVC (H.264) Baseline.
Подолго слушање - неверојатна издржливост на батериите од прибл. 33 часа музика или 8 часа видео.
Искажете го вашиот стил - избор од 5 различни бои.
Достапен во црна, бела, виолетова, сребрена и розова боја.
Интуитивно користење преку менија и интерфејс сличен на мобилните телефони.
JPEG прегледувач со режим за слајд шоу.
* Капацитетот на песните се базира на 4 минути по песна и 128kbps mp3 кодирање (актуелниот капацитет се менува во зависност од содржината).
Sony NWZ-A815
Sony NWZ-A815